Триото напаѓачи на каталонскиот гигант Барселона Меси-Нејмар-Суарез по синоќешниот финален натпревар од Купот на Шпанија и победата од 3-1 над Атлетик Билбао станаа рекордери по бројот на постигнати голови од играчи кои играат во нападот.
Досега рекордери беа фудбалерите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Гонзало Игуарин, кои во сезоната 2011/2012 заедно постигнаа 118 гола.
Со трите вчерашни гола (2 Меси, 1 Нејмар), триото на Барса стигна до фантастични 120 голови, но пред нив е уште еден натпревар од сезона и оваа бројка може дополнително да се зголеми бидејќи Барселона ќе игра во финалете на Лигата на шампионите против Јувентус кој се игра на 6.јуни во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.