| четврток, 6 декември 2018 |

Украле автомобил во Србија, ги фатиле во Македонија

tabanovce

Хрват и Србин биле уапсени на граничниот премин „Табановце“ кога со украден автомобил се обиделе да влезат во Македонија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за З.М.(39), државјанин на Србија, и за А.Ѓ.(27), државјанин на Хрватска за кривично дело фалсификување исправа.

Во март 2013 година, откако пријавените во Србија извршиле кражба на патничко возило „БМВ“, го отстраниле оригиналниот фабрички број на шасијата на возилото и вметнале друг број, по што од непознато лице набавиле фалсификувана табличка со австриски национални ознаки која ја поставиле на возилото, како и бланко австриски сообраќајна дозвола и меѓународна карта за осигурување на возилото.

По ова на 4-ти овој месец на ГП „Табановце“ на влез во Македонија пријавените се јавиле за пасошка контрола, каде што по извршени проверки е утврдено дека се работи за фалсификат. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top