| четврток, 6 декември 2018 |

Почна запленувањето: Кредиторите на шокираната Грција ги исфрлаат од куќите на улица

Последните преговори на Грција и нејзините кредитори за реформите водени во текот на изминатиот викенд не доведоа до договор за исплата на две милијарди евра помош на оваа земја.

-Денес нема да има договор за исплата на две милијарди – изјави за „Франс прес“ европски извор во пресрет на почетокот на состанокот на министри на еврозоната и додаде дека преговорите се закочени по прашањето на заплена на имотот.

Истиот извор во неделата наведе дека дополнително ветената сума не може да биде исплатена додека не се спроведе „првиот дел од реформите, кој често е и најболен“.

Големиот пораст на ненаплатените заеми среде финансиска криза се појави како едно од клучните прашања во преговорите.

Кредиторите наведуваат дека треба да се олесни запленувањето на куќите за да можат банките да ги исчистат лошите заеми, додека владата е загрижена дека со тоа голем број луѓе ќе бидат соочени со исфрлање од своите домови на улица.

Левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас вети дека, според договорот со кредиторите, од август во ќе се реформира пензискиот систем во вредност од 86 милијарди евра и ќе се решат проблематичните заеми, за да ги исполни барањата на кредиторите и да ги добие ратите од помошта и пристапот на фондовите за помош на банките.

Износот од две милијарди евра требаше да биде исплатен во октомври, пред следната рата кон крајот на годината од една милијарда евра.

Министрите за финансии на Еврогрупата денеска го одржуваат месечниот состанок во Брисел на чиј дневен ред ќе биде и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top