| четврток, 6 декември 2018 |

Капиталните и странските директни инвестиции ги зголемуваат порастот и вработеноста, забележува ЕК

Ова е наведено во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, пренесува МИА.

Стапката на невработеност континуирано опаѓа од 2008 година, кога изнесувала 34 отсто, на 28 отсто во 2014 година. Сепак, како што нотира ЕК, сè уште треба да се работи на намалување на стапката на невработеност.

Економската комисија забележува дека цените се стабилни и дека монетарната власт успешно ја одржува валутата. Има благо намалување на инфлацијата, што е резултат од намалување на цената на храната и енергијата. Банкарскиот систем исто така е стабилен. Основен извор на финансирање на банките се депозитите, кои континуирано растат од 2013 година.

Во согласност со препораките за 2015 година, а со цел да се поддржи долгорочен пораст, Македонија треба да обрне особено внимание на: продолжување со структурни реформи во насока на подобрување на бизнис климата и создавање ефикасна стечајна постапка, преземање дополнителни мерки за да се подобри каналот за кредитирање од страна на банките, Владата да остане посветена на продолжување на пазарните економски реформи, привлекување странски директни инвестиции и развој на приватниот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top