На 26 години почина највисокиот маж на планетата, објави „Bangkok Post“. Тој живеел во провинцијата Сури на Тајланд. Порнчај Саосри беше висок 269 см. и страдаше од многу болести предизвикани од хормонални проблеми.
Тој починал во болница, каде бил неуспешно лекуван. Последните години Тајланѓанецот ги поминал во кревет. Само во последната година од својот живот Саосри ослабнал 72 килограми, но неговата тежина останува импресивни 153 килограми.
Неговата мајката раскажува дека до шесто одделение, тој беше обично момче, но потоа почна да расте со ужасно темпо. Тоа, според лекарите, се должи на хормонално пореметување, кое не можело да биде запрено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.