Вчера вечер во три одделни случаи во Скопје биле извршени напади на неколку лица.
Во првиот случај, кој се случил околу 16.50 часот во Старата скопска чаршија, српските државјани Н.Д.(23) и С.С.(25) биле физички нападнати од повеќе непознати лица, при што едно од лицата со нож му нанел убодна рана на Н.Д. во пределот на градниот кош. Истиот бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Подоцна, околу 19.00 часот на ул.„Женевска“, 16-годишен малолетник бил физички нападнат од страна на едно непознато лице, кој прво го удирал со тупаници во пределот на телото, а потоа извадил нож и го забодел во пределот на стомакот, по што му ја скинал јакната.
Ноќта околу 02.30 часот, пак, на ул.„Димитрије Чупоски“ И.Ц.(23), Б.З.(24) и А.К.(24) биле физички нападнати од неколку непознати лица удирајќи ги со стаклени шишиња при што истите се здобиле со телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на случаите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.