| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 7.000 руски борци се борат за ИД

7000-boijci-ot-bivshi-syvetski-republiki-se-biqt-za-id-337327

Меѓу вкупно 80-те илјади борци на меѓународната терористичка организација „Исламска држава“, близу 7.000 се државјани на поранешни советски републики. Ова го соопшти денеска заменик-директорот на руската Федерална служба за безбедност, Евгениј Сисоев, шеф на апаратот на Националниот антитерористички комитет, пренесоа агенциите.
Сисоев зборуваше на седмата регионална конференција на Меѓународната асоцијација на обвинителите за земјите од Централна, Источна Европа и од Централна Азија, која започна денес во Сочи.
Во средината на 2015 година ИД располагаше со околу 80.000 борци, вклучувајќи 50 илјади во Сирија и 30 илјади во Ирак, што е споредливо со армиите на некои држави.

Речиси 30 илјади од нив се терористи од странство, а огромен дел пристигнале од Блискиот Исток и Северна Африка, посочи тој.
Од земјите во постсоветскиот простор, вклучувајќи ја и Русија, во редовите на организацијата влегле околу 7 илјади луѓе, додаде заменик шефот на ФСС.
– Во моментов ИД е премногу опасна терористичка закана, бидејќи успеа за кратко време значително да се прошири и да биде признаена за лидер на глобалниот џихад од повеќето регионални и меѓународни терористички организации, ако ја оставам во втор план „Ал каеда“ – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top