Рускиот претседател Владимир Путин, во Сочи, ќе го пречека емирот на Кувајт, Сабах ас Сабах, кој пристигнува во Русија на негова покана.
Двајцата шефови на држави ќе разговараат за процесите на Блискиот Исток и кризата во Сирија. Ова е прва посета на кувајтскиот емир по доаѓањето на власт во 2006 година. Посетата на Сабах ас Сабах е дел од дијалогот и ќе даде импулс на билатералните односи во трговската и во економската област.
Како што соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ова е прва ваква посета на кувајтски емир од постсоветските времиња наваму, кој доаѓа во Русија за преговори. Според различни воени експерти Кувајт има интерес за купување на руско вооружување и во перспектива од испораката на анти-авион-ракетните системи С 300, како и борбени авиони и хеликоптери од најновата генерација, слични на оние кои Москва ги продава на Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.
За Русија развојот на воено-техничката соработка со Кувајт е приоритетна, бидејќи уште во 70-тите и 80-тите години ОАЕ купувале тогаш советско оружје, а денес покажуваат интерес и за купување на новата модификација на тенкови Т-90 МСП.
Москва во последно време води многу активни разговори со арапските држави и како потврда на тоа во неофицијален план се истакнува дека, наскоро во Русија во посета може да дојде саудискиот крал Салман.
Блиски до руската влада експерти сметаат дека запирањето на летовите до Египет може да трае со години, а Москва длабоко да заглави во сириската криза, од која тешко би излегла, и дури ги повикуваат властите да признаат дека летот А321 во кој загинаа 224 нејзини граѓани над Синајскиот Полуостров, всушност е предмет на терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.