„Приказни од Мјаукедонија – исповед на една провинцијалка“ е нов роман на Игор Џамбазов, што го објави „Три“.
– Роман за личните падови и подеми, разочарувања и ѕвездени моменти, за борбата меѓу новото и традиционалното, за омразата и љубовта. Пишуван како исповед на талентираната мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска, необичен, различен од другите, забавен за читање, кој ќе овозможи едно имагинарно патување низ нашата Мјаукедонија, соопшти издавачот.
Ова е трет роман на познатиот актер и шоумен Џамбазов, по „Гол човек“ и „Прирачник за антиантиалкохоличари“ во кои пишуваше за својот личен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.