Измените во Изборниот законик се донесуваат во насока изборите што треба да се случат на 24 април 2016 година да бидат прифатливи и резултатите на тие избори да бидат прифатени од сите политички партии за да се заврши оваа политичка криза и Македонија да влезе во еден нормален период во кој и парламентот, Владата и сите институции ќе имаат приоритет да се занимаваат со економските потреби на граѓаните место со политичките потреби на партиите, истакна Илија Димовски на вчерашната 75. седница на Собранието на која се најдоа пакетот законски измени во согласност со договорот од Пржино.
Димовски во својата дискусија се осврна и ги објасни клучните работи што се менуваат во изборниот законик.
-Државната изборна комисија, која ќе се избира по сосема нов модел во која тројца членови ќе предлагаат партиите што се во мнознинство во Собранието, тројца членови ќе предлагаат партиите што се во опозиција во Собранието и тројца членови ќе се избираат со консензус, но треба да ја претставуаваат таканаречената експертска јавност, односно лица за кои има предвидено посебни критериуми во изборниот законик, во смисла на нивното професионално искуство поврзано со оваа проблематика. Тоа треба да гарантира некоја дополнителна зависност на ДИК во смисла на спроведување на изборите и доверба од страна на политичките партии – нагласи Димовски.
Тој додаде дека останува во сила досегашниот изборен модел со шест избори единици во кои калкулацијата за бројот на пратеничките места се пресметува според Дантонов модел.
– Измена има во делот на дијаспората, околу дијаспората имаше различни ставови од сите четри партии, тоа што го имаме како конечен резултат е дека ќе има пратеници од дијаспората што ќе се избираат место на три мнозински изборини единици на една пропорционална единица и потребниот број гласови за да биде избран еден пратеник ќе биде минималниот бој гласови што на претходните избори го добил пратеник изборан во една од шестте избори единици во Република Македонија – нагласи Димовски.
Димовски истакна дека законот ќе гарантира еднаков и блансиран пристап на политичките партии до рекламниот простор без разлика дали е тоа на радиодифузните медимуи или на рекламирањето на паноа.
-Новост е што за првпат во која било регулатива во Република Макеоднија, овој пат, во изборната, се внесуваат интернет-порталите, односно електронските медиуми, кои ќе мора да работат во согласност со регулативата на изборниот законик и ќе мора да ги почтуваат регулативите внесени во изборниот законик, а се однесуваат и на другите два вида медиуми, односно радиодифузните медиуми и печатените медиуми – нагласи Димовски.
Димовски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ е посебно значајно што во Изборниот законик конкретно е наведен датумот на избори, 24 април 2016 година.
– Околу изборачкиот список повеќе како коментар на дискусиите претходно би сакал да го соопштам ставот што ВМРО-ДПМНЕ го имаше по однос на избирачкиот список, нашиот однос кон оваа проблематика беше дека ВМРО-ДПМНЕ верува во квалитетот на изборачкиот список врз основа на кој беа спроведени парламентарните избори минатата година, но оставивме како другите партии ќе проценат дека треба да се постапи кон избирачкиот список така да биде внесено Изборниот законок – рече Димовски.
На крајот тој истака дека ВМРО-ДПМНЕ дава целосна поддршка да се спроведе проверката на избирачкиот список онака како што договорија другите политички партии
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт