Актуелниот шампион на Формула 1 кој и оваа сезона ја одбрани титула, Британецот Луис Хамилтон, на две трки до крајот наоѓа време и да се релаксира.
Тој се забавувал до раните утрински часови во еден ноќен клуб заедно со својата поранешна девојка поп-пејачката Никол Шерцингер. Барем така отсликува фотографијата што ја направиле папараците пред клубот од кој двајцата излегуваат заедно во раните утрински часови. Тие се обиделе да излезат од спореден излез, но и таму биле фотографирани.
Како што изјавуваат очевидците, парот дошол во клубот одвоено, имале посебни резервирани места. Сепак по некое време заедно се упатиле кон ВИП-зоната каде што не е дозволено да им прави друштво никој друг, освен келнерите кои треба да ги служат. Останале до самиот крај на работното време, а потоа заминале заедно. Ова дефинитивно отсликува дека Хамилтон и Шерцингер повторно се среќаваат, иако папараците не успеале да направат и фотографии каде што разменуваат нежности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.