| четврток, 6 декември 2018 |

Нов успех на Македонија на светски избор за убавина (ФОТО)

image-a603bc765d0def34190d46a7fce8461eda650c8ede7b78d0c04be58014c7975f-V

Вчера вечер во кинескиот град Венџоу се одржа финалето на изборот за Интернационална кралица на туризмот за 2015 година.

Надица Димковска во конкуренција на 70 претставнички од исто толку држави од светот ја освои титулата „Мис туризам од Европа“, најубава од сите европски претставнички.

image-d3f235d65fafcce938bcad33d707d3fccb0d9d2e0a2342b084fd66c88b1bd1e4-V

Вкупна победничка е претставничката на Холандија, Натали Могбелзада.

Надица две недели претстојуваше во Кина, каде заедно со другите финалистки се подготвуваше за големото финале кое вчера вечер се одржа во спортската сала во Венџоу.

image-1e830262cfcf065639f217ed33cd6d473484a980b12217c3190f2026b418c9bb-V

Лиценцата за Македонија за овој избор ја има модното студио „Црнокрак“, кое го организираше патот, престојот и учеството на нашата претставничка во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top