Актуелниот НБА шампион Голден Стејт продолжува со имресивниот старт во новата сезона. Синоќа Стеф Кари и другарите му го зедоа скалпот на Детроит (109-95). МВП-то на минатата сезона си го расипа просекот кој во првите седум натпревари изнесуваше импресивни 35,5 поени, а вечерта ја заврши со за него скромни 22 коша. Тоа сепак беше доволно за уште една победа во која покрај Кари се истакна и Томпсон со 24 поени.
Детроит се држеше до почетокот на последната четвртина во која Голден Стејт имаше само четири предност, но потоа шампионот се одлепи на +14 и ја заврши работата. Во тимот на Пистонси, Џексон и Џонсон постигнаа по 20 поени.
Од останатите натпревари секако за издвојување е дербито во западната конферецнија меѓу ЛА Клиперс и Мемфис.
Трагичар на мечот беше ѕвездата на Мемфис, Марк Гасол кој во пенал завршницата утна едно слободно фрлање и му овозможи на противникот да дојде до триумфот. Рендолф со 26 поени беше најефикасен во неговиот тим, додека кај Клиперси, Блејк Грифин имаше одлична партија со 24 поени и 12 скока во триумфот на својата екипа.
НБА Резултати: Индијана – Орландо 97-84, Филаделфија – Чикаго 88-111, Атланта – Минесота 107-117, Денвер – Портланд 108-104, Сакраменто – Сан Антонио 88-106, Голден стејт – Детроит 109-95, ЛА Клиперс – Мемфис 94-92
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.