| четврток, 6 декември 2018 |

Орпо: Можно е Финска привремено да го запре прифаќањето бегалци според квотите од ЕУ

фин

Финска има намера привремено да го прекине прифаќањето бегалци според квотите на ЕУ, доколку во нивното прераспределување не учествуваат и другите земји од ЕУ, пренесе ТАСС, цитирајќи ја изјавата  на министерот за внатрешни работи, Петери Орпо, за финската телевизија „Јуле“.

Според  министерот, нема да има преговори за прафаќане нови бегалци, додека системот за распределување на квотите не проработи на општоевропско ниво.

Министерот прецизира дека сега се водат преговори за прифаќање на уште една група, според бројот приближно колку и првата од 49 Еритерјци, кои пристигнаа во октомври.

-По вториот трансфер ќе направиме пауза и ќе почекаме да видиме дали и другите земји од ЕУ ќе се приклучат кон прераспределувањето – подвлече тој.

Орпо појасни дека на списокот на земјите што се согласиле да учествуваат во процесот, недостасуваат неколку држави, кои не се особено засегнати од бегалската криза.

Во Финска од почетокот на годината веќе пристигнале речиси 26. 000 мигранти, главно од Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top