Турските актери Бирче Акалај (30) и Сарп Левендогулу (33) кои ги толкуваат главните ликови во турската хит-серијата „Малиот ага“ иако во серијата имаат улога на разведени родители, тие во реалниот живот се вистински брачни партнери.
Бирче и Сарп на 1 август 2014 година се венчаа, и така ја официјализираа нивната љубовна врска која ја започнаа на снимањето на серијата.
Иако во серијата „Малиот ага“ играат двојка чиј брак е разнишан и покрај тоа што многу се сакаат, нивниот осумгодишен син се обидува да го спаси семејството, што доведува до многу комични ситуации.
Љубовната приказна пред камерите се преселила и во реалниот живот на Бирче и Сарп. По почетокот на снимањето на серијата во 2014 година било воочено дека тие двајцата заедно доаѓаат на снимањето и заедно си одат, а по некое време својата љубов ја потврдиле и на социјалните мрежи. Двојката по неколку месеци забавување решила да застане пред матичар.
Акалај која ја глуми мајката на Мехмет-џан во серијата „Малиот ага“, важи за една од најубавите жени во Турција. Во 2004 година беше избрана за Мис на Турција, а работи и како модел и како актерка.
Таа на својата венчавка носела романтичен венчален фустан, а малдоженецот билоблечен во бел смокинг. На венчавката присуствувале нивните колеги од серијата,меѓу кои и малиот Емир Бекре Зинџиди, кој во серијата го игра ликот на нивниот син Мехмет Џан.
На Бирче ова и е втор брак, таа во 2011 се омажи со нејзиниот колeга, актерот Мурат Уналмиш, со кого глумеше во турската серијата „Љубов, вера и надеж“, но нивниот брак се распадна по 11 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.