| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Калиниќ се фотографираше топлес, а Цеца со лилава боја на косата (фото)

Познатиот телевизиски водител и актер со напорните тренинзи го довел своето тело до совршенство, а тоа го докажа и со споделените фотографии на неговиот профил на Инстагарам.

Milan-Kalinic-Ceca-620x350

Жените не ги штедеа позитивните коментари за неговото затегнато торзо но многумина му порачаа дека иако телото го довел до совршенство  време е да поработи и на фризурата која го нарушува целиот впечаток.

милан калиниќ

Во исто време низ интернетот почна да кружи и фотографијата на Цеца со лилава боја на косата.

Но да нема забуни, Цеца не ја бојадисала косата во оваа боја како што и порачал нејзиниот син туку некој се досетил да направи фотошоп „излет“ кој стана атракција.

Имено, синот на Цеца  од поодамна изјавил дека му пречи тоа што не може со неговата мајка да оди во шопинг а притоа да не ги опседнуваат папараците. Тогаш Вељко и порача на неговата мајка дека можеби најдобро би било да носи лилава перика за да не ја забележат и да може на мира да уживаат во купување.

цеца

-Еден ден мојот син ми кажа: Мамо, те молам да не одиш повеќе со нас во шопинг. Ти го правиш целото тоа неверојатно тешко, бидејќи постојано застануваш и се фотографираш со луѓето, а и оние чичковците со фотоапаратите се многу досадни. Слушај, а да носиш ти лилава перика така никој нема да познае . Но добро тогаш имаше 7 години- изјавила Цеца по повод фотографијата која станала хит на интернетот.

цеца и вељко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top