По квравиот настан што утринава се случи во Клиничкиот центар, на Одделението за дигестивна хирургија, при што е ранет лекарот Љубомир Огњеновиќ , приведени се Јакуп Изаири (1985), Абдул Наим Никшиќ (1979) и Имер Никшиќ (1981) сите од Скопје, неофицијално донава „Нетпрес“ од полициски извори.
Во лекарот пукал Имер Никшиќ, а причина незадоволство од третманот во болницата каде што во текот на ноќта починала неговата мајка.
Тој заедно со другите двајца направиле вистинска вооружена драма на клиниката. Воедно пукале и кон медицинска сестра, но за среќа таа не е погодена.
Ранетиот лекар, кој имал две прострелни рани во делот на ногата, веднаш е опериран, и за среќа не изгубил многу крв и е вон животна опасност.
Лекарите, пак, од Хирургија, наместо да побараат одговорност за инцидентот кај сторителите, вината ја лоцираат кај министерот за здравство, Никола Тодоров, од кого побараа итна оставка. А, во спротивно, доколку не им се исполнело барањето, лекарите се заканија дека нема да оперираат на хируршките клиники.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.