Францускиот институт во Скопје организира проекција на документарниот филм „Вавилонски двор“ (2014 г.) на Жили Бертучели, во вторник, 10 ноември 2015, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.
Филмот се прикажува во знак на одбележувањето на Месецот на документарниот филм.
„Фигароскоп“ за филмот напиша дека е „лекција за животот и за слободата“, „Лес Инрок“, пак, дека „утешува и освежува“, додека „Ле монд“ пишува дека „Бертучели маeстрално се постaвува како еден од сведоците во филмот, и на крајот од час и половина воопшто не ќе сакате да се разделите од ликовите излезени од реалноста“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.