Грчкиот весник „Та неа“ пишува дека Грција се претворила во земја на пензионери, невработени и економски неактивни луѓе, бидејќи над седум милиони Грци не работат.
Годинава во Грција има над 2 милиони и 600 илјади пензионери, на кои заради спогодбите со кредиторите пензиите им се намалени до 50 отсто и се очекува нова промена заради третата кредитна спогодба. Околу 60 проценти добиваат пензија под 700 евра, а 45 проценти пензионери 665 евра, што е под прагот на сиромаштијата.
Без работа се околу 1 милион и 200 илјади Грци, а прогнозите на Европската комисија се дека процентот на навеработеност ќе се зголеми. Девет од десет невработни не добиваат никаква финансиска помош од Агенцијата за невработеност. Економски неактивното население (кое ниту работи, ниту бара работа) изнесува околу 3 милиони и 300 илјади Грци. Тоа е близу бројката вработени од 3,6 милиони граѓани. Платите, пак, на еден милион вработени во приватниот сектор доцнат меѓу еден и пет месеци. Просечната нето плата во Грција изнесува под 815 евра, додава „Та неа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција