| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен подводен дрон со екплозив крај „Северен поток“

otkriha-podvoden-dron-s-ekplozivi-kraij-severen-potok-337038

Подводен дрон бил забележан да се движи по морското дно во регионот на гасоводот „Северен поток“ крај балтичките земји. Дронот бил вооружен со експлозив, објавија шведските медиуми.

Уредот било пронајден од шведската флота. Се очекува тоа да биде деактивирано подоцна во текот на денот.
Откритието е направено за време на рутинска проверка на гасоводот „Северен поток“. Операторот на гасоводот веднаш бил известен откако е откриен воениот робот.
Експертите коментираат дека уреди од типот „ROV“ се управуваат со далечинско и се користат за деактивирање на муниција на морското дно.
Според шведската флота, таа количината експлозив неможе да предизвика инцидент.
– Сметаме дека трговските бродови и гасоводот се безбедни во овој момент, изјави Јеспер Столп, портпарол на шведската армија, пред шведското национално радио.
Сеуште не се знае во чија сопственост е уредот, бидејќи многу земји користат слични.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top