Рускиот уметник и политички активист, Пјотр Павленскиј, ја запалил вратата на седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСС), наследник на КГБ, пренесе БиБиСи.
Сторителот ја мотивирал својата акција со зборовите: „ФСС е оружје на теророт и управува со судбините на 146 милиони луѓе (населението на Русија кон 1 јануари 2015 година)“.
Уметникот е уапсен и против него е подигнато обвинение за хулиганство.
Зградата се наоѓа во строгиот центар на главниот град на Русија и во неа има затвор, потсетува британската медиумска корпорација.
На Павленскиј му претстои и три години затвор, поради инцидент во Москва во 2014 година. Тој во центарот на руската престолнина мавтал со украинско знаме, за да изрази поддршка на движењето, кое го собори украинскиот претседател Виктор Јанукович од власт.
Тој пред една година си ги закова тестисите на Црвениот плоштад во Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.