| четврток, 6 декември 2018 |

Младата селекција до 21 година, без Давид Бабунски ќе настапи против Франција

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, на квалификацискиот натпревар против Франција ќе настапи ослабена со неиграњето на капитенот Давид Бабунски.
Франција е голем фаворит во овој дуел кој ќе се игра на 15.ноември во Скопје на стадионот на комплексот „Петар Милошевски“, а преводник на „триколорите“ ќе биде играчот на ПСЖ, Адриен Рабиот.
Банунски се повреди на натпреварот за Б-тимот на Барселона против Љостенсе, во рамките на Третата лига на Шпанија. Креаторот на играта на нашиот млад национален тим ја повредил задната ложа што секако не дава надеж дека ќе може да биде способен за настап против Франција.
Капитенот Давид Бабунски упати порака до своите соиграчи:

– Легенди, за жал денес се повредив, така што нема да можам да бидам со вас против Франција. Ви посакувам успех со цело срце. Верувам во вас! – напиша Давид Бабунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top