| четврток, 6 декември 2018 |

Цапар ја заврши одисејата во Мостар

capar

Поранешниот селектор на Македонија, Драган Кантларовски – Цапар, со меѓусебен договор со управата на Вележ ја раскина соработката со босанскиот тим по неуспехот што го имаше со тимот од Мостар.
Канатларовски не успеа да го извлече Вележ од последното место на табелата каде остана закован со само осум освоени бодови, па по оние 0-0 изминатиов викенд против Рудар во Мостар, клубот одлучи да се раздели со Канатларовски.

Како што информираа од Вележ, до именувањето на нов тренер, тимот ќе го води досегашниот помошник на Канатларовски, Џенан Заимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top