Тони Цетински се соочува со нови обвиненија откако хрватските медиуми објавија дека не плаќа алиментација за ќерката која ја добил во бракот со Ивана Нобило.
Пријатели на неговата поранешна сопруга раскажале дека нивниот брак „пукнал“ поради љубовта на пејачот кон комарот, а не нејзината наводна врска со друг маж.
Имено, тие навеле дека иако таа била менаџерка на Тони, никогаш не ги проверувала неговите трошоци и дека сосема случајно дознала за сериозни суми кои ги троши ширум казина во Хрватска.
-Ивана дознала за љубовта на Тони кон комарот во 2011 година кога го видела изводот на трошоците. Тогаш ги прегледала и другите документи кои покажаа дека Цетински од февруари до ноември 2011 година на комар потрошил 42 000 евра – наведуваат изворите.
Тие наведуваат и дека пејачот најмногу играл комар во Загреб и дека на 15 јуни во две казина потрошил 4200 евра.
Пејачот не сакал да ги коментира овие обвиненија и не сакал да зборува за тоа, бидејќи како што навел, тоа не е во интерес на нивното малолетно дете.
-На таа жена ништо не и свето, па ниту нашето дете. Секогаш своите интереси ги става пред се, како што правеше впрочем и во бракот – изјавил Цетински, кој се оправдал и зошто редовно не ја плаќа алиментацијата.
-Како и 300 000 Хрвати и на мене ми се случува сметката да ми биде во блокада, па знае да се случи алиментацијата да не биде платена низ траен налог – кажал Цетински.
Неговите пријатели велат дека причините поради кои му се блокираат сметките се високите рати за кредити кои ги подигнал за фирмата на поранешната сопруга, додека пак Ивана тврди дека тој никогаш не платил ниту една рата за кредитите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња
-
Нови детали од трагедијата на Тони Цетински: Знам јас добро што се случи!
-
Тони Цетински се огласи по сообраќајката: Скршен сум. Воопшто не одам во Ровињ, ниту во Истра и не сум добро!
-
Ми беше тешко, целиот живот ми мина низ глава – Тони Цетински проговори за трагедијата