| четврток, 6 декември 2018 |

Френк Синатра бил дилер на дрога и партнер на Пабло Ескобар

frank-sinatra-bil-narkodilyr-partnior-na-pablo-eskobar-336813

Френк Синатра беше подобар дилер на кокаин, отколку пејач. Сензационалнoтo тврдење е на синот на легендарниот наркобос, Пабло Ескбор, Себастијан Марокин, цитиран од весникот „Дејли мејл“.
Марокин открива дека легендарниот американски пејач бил деловен партнер на неговиот татко во Мајами. Прашан како може да биде толку сигурен во своите зборови, синот на Ескобар вели: „Знам, бидејќи бев многу близок со својот татко“.
Во својата книга братот на Ескобар, Роберто, тврди за средба меѓу Френк Синатра и наркобосот во Лас Вегас, по која двајцата го обиколиле градот со хеликоптер.

Врските на Синатра со организираниот криминал имаа голем публицитет во текот на годините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top