| четврток, 6 декември 2018 |

Кој може да го победи Ѓоковиќ, Србинот го освои Мастерсот во Париз

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ е неприкосновен оваа сезона. Тој денеска во Париз го освои претпследниот мастерс турнир победувајќи го во финалето неговиот голем ривал Енди Мареј со 2-0 (6-2, 6-4) во сетови.
Со оваа победа тој ја освои третата титула во Париз во низа. Можеби не му оди најдобро на земјените терени на Ролан Гарос, но затоа во салата „Берси“ неможе никој да го победи.
Уште од самиот почеток стана јасно дека Ѓоковиќ ќе го диктира темпото, Мареј само во првиот сервис-гејм не бранеше брејк-топки. Србинот знаеше како да ги искористи шансите што му се укажаа и го доби првиот сет со убедливи 6-2, а потоа на самиот почеток од вториот сет повторно направи брејк. Мареј одговори со сопствен брејк за израмнување на 2-2, но Ѓоковиќ повторно го одзеде сервисот на противникот и на рутински го доби ова финале.

Со денешниот триумф, Новак испиша нови страници во историјата станувајќи прв тенисер што успеал да триумфира на шест Мастерс-турнири во една календарска година.
До крајот на сезоната останува уште последниот завршен мастерс турнир во Лондон каде се среќаваат осумте најдобри тенисери на светската ранг-листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top