| четврток, 6 декември 2018 |

ПОДЕМ: Со изборот на кадри се потврдија манипулациите на СДСМ

dragan--dimeski
ПОДЕМ го поздравува постигнатиот договор помеѓу четирите политички партии од клубот на пратеници со кој ќе се стави крај на политичката криза во Република Македонија, но многу поважно е тоа дека ова е почетокот на крајот на агонијата во која СДСМ ја втурна државата, истакна денес генералниот секретар на партијата Драган Димески.
-ПОДЕМ го истакнува своето жалење што цената на овој договор е СДСМ повторно да влезе во владата со свои министри без поддршката од граѓаните , со конструкции и манипулации. Уште еднаш се потврдија манипулацииите кои ги прави СДСМ и со изборот на кадри за министри за кои претходно целото раководство зборуваше колку тие ќе биле професионалци во своите области а на крајот видовме предложени кадри од највисокото партиско раководство. Со лаги и манипулации не се добива доверба од граѓаните. ПОДЕМ смета дека најголемата придобивка од политичкиот договор се изборите на 24-ти Април на кои граѓаните ќе му ја кажат вистината, ќе му покажат и докажат дека на власт се доаѓа само преку еден и единствен начин со поддршка од граѓаните. Граѓаните на Република Македонија на 24-ти Април ќе стават крај на манипулантите и на деструктивната политика на СДСМ, посочи генералниот секретар на партијата.

Димески додава дека народот секогаш знаел да направи разлика помеѓу проекти и лажни ветувања, меѓу искреност и манупулирање, помеѓу инвестиции во капитални проекти и инвестиции на шалтер во менувачница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top