| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Џамбазов во „Ти си Алеф“: Сите сме добри ако сакаме, а стануваме лоши кога не треба (фото)

igor1

На тетовското Кале се снимаше последниот дел на документарниот филм „Ти си Алеф“ на универзитетската професорка Соња Ризоска – Јовановска.

Филмот раскажува за потрагата по смислата на постоењето. Во него неуморниот патник тргнува кон патот на вистината, правдата и светлината и во потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното. Во последениот дел од филмот ќе биде прикажан дервишкиот танц како симболика за испраќање на пораката за единство.
igor

– Една од главните мои цели е претставување на ретките народни танци како еден од симболите кај одредени етникуми од Македонија. Фолклорот кај сите во Македонија е нешто со што сите етникуми се препознаваат што ни покажува кој сме биле и што сме и како да го зачуваме за идните генерации. Го избравме дервишкиот танц како симбол што треба да остане како слика и симболика што е нешто исконско. На тетовското Кале решиваме да го снимиме последниот дел од овој документарен филм, изјави Ризоска.

Приказната за Алеф ја раскажува Игор Џамбазов, кој со Ризоска соработувал уште пред десет години кога бил дел од документарецот „Скопје и се е можно“.
igor2
– Јас сум човек што не верува во Господ, но не ги терам и другите да не веруваат и затоа ги замолувам оние што веруваат, да не ме тераат и јас да верувам во Господ. Но, верувам во обединети божества и таков свет дека сите сме луѓе и сме еднакви и оти сме добри ако сакаме, а стануваме лоши кога не треба. Во ова турбулентно време не само во Македонија, туку и на Балканот, ова е вистинска тема на вистинско место и во вистинско време, рече Џамбазов.
dzambaz
Дел од тимот е и Зија Плава, кој е одговорен за продукцискиот дел и снимањето на филмот според одредени филмски стандарди.
igor
– Мислата на професорката е да се најде поблискиот пат да се стигне до Господ и овие дервишки тарикати се дел од тој пат бидејќи самиот збор тарикат е пат. Тука е и Алеф кој е доброто во секоја приказна рече Плава.

Ризоска воедно е и режисер, сценарист и автор на „Ти си Алеф“. Филмскиот проект е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top