| четврток, 6 декември 2018 |

ДПС: Постигнувањето на политичкиот договор е пораз на припадниците на елитата на колонијалниот менталитет

stoilkovic
Демократската партија на Србите во Македонија смета дека со заокружувањето на политичкиот договор е затворена една фаза од политичкиот живот на Македонија, се вели во соопштението од партијата.

-На наше и на задоволство на граѓаните на Македонија деблокирани се институциите на системот, во услови на економска криза од пошироки размери, антиципирани се понатамошните штети во економскиот живот на државата, привремено се избегнати некои од сериозните безбедносни предизвици, отстранети се можните штетни последици во процесот на евроинтеграциите…Така да со оптимизам заедно со граѓаните на Македонија ја очекуваме 101 препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Демократската партија на Србите во Македонија проценува дека постигнувањето на политичкиот договор е пораз на припадниците на елитата на колонијалниот менталитет на Македонија, која преку политичка и економска дестабилизација на државата, поточно без избори се обидува да дојде на власт. Но, она што пустината ја прави убава е сознанието дека во неа се крие изворот на вода. А онаа што демократијата ја прави делотворна е сознанието дека политичките процеси периодично завршуваат со избори и дека граѓаните имаат право да ги бираат своите претставници. Некого на власт, некого во опозиција, се вели во соопштението од ДПС.

Партијата информира дека формирала изборен штаб и и отпочнала неопходните подготовки за претстојната проверка на изборната волја на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top