Кошаркарите на Хјустон ја забележаа четвртата победа во серија откако претходно на стартот од сезоната имаа три загубени натпревари. Тие ноќеска на гости го победија тимот на ЛА Клиперс, кој настапи без најдобриот играч Крис Пол. Најефикасен играч беше Џејмс Харден од Хјустон, кој на втор натпревар по ред постигнува повеќе од 40 поени, против „клиперси“ постигна 46, а претходно против Сакраменто 43.
Атланта ја оствари и седмата победа во низа и се зацврсти на првата позиција во источната конференција со скор 7-1 (победи порази), додека без пораз е само шампионот Голден Стејт со биланс 7-0.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Чикаго – Минесота 93:102,
Филаделфија – Орландо 97:105,
Атланта – Вашингтон 114:99,
Далас – Њу Орлеанс 107:98,
Милвоки – Бруклин 94:86,
Сан Антонио – Шарлот 114:94,
Јута – Мемфис 89:79,
Сакраменто – Голден Стејт 94:103 и
Лос Анџелес Клиперс – Хјустон 105:109.
Вечерва се играат пет натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.