Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и директорот на Европскиот директорат, Стефано Санино, денеска се во посета на Македонија.
Тие денеска треба да имаат средби со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими. Најверојатно, Филе ќе се сретне и со претседателот Ѓорѓе Иванов и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
На средбите со државниот врв е предвидено да се разговара за напредокот на дијалогот за пристапните преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


