Ако сте прилично сигурни дека вашиот сексуален живот е многу подобар надвор од домот, во право сте. Ако некогаш после сексот во хотелска соба сте помислиле: „Ух, тоа е подобро од вообичаено!“, не сте единствените.
Докажано е дека во нашиот мозок се случуваат хемиски реакции за време на сексот во хотелски кревет, кои ги нема кога сме во спалната соба, тврди Иан Кернер, психотерапевт, сексуален советник и автор.
Кога парот ќе им се препушти на магиите на сексот во хотелската соба, за разлика од спалната соба, новиот простор ќе го стимулира преносот на допамин во мозокот, а тој има голема улога во возбудувањето и сексуалното возбудување.
Хотелите делуваат задоволително
Хотелите често се дизајнирани за да ја задоволат секоја наша желба и потреба. Тие се луксузни и сензуални, имаат добро осветлување, свеќи, скапоцена постелнинаголем кревет и дизајнирани се за да ни ги задоволат сите сетила.
– Постои тој психолошки момент откако ќе дојдете во хотелот, дека смеете да се разгалите. Постои нешто посебно луксузно и раскошно во хотелот, па поради тоа автоматски сите се чувствуваме посензуално и имаме поголема желба за секс, вели Кернер.
Во хотелите можете да заборавите на секојдневието
За да дојде до сексуално возбудување, особено кај жените, деловите од мозокот кои се поврзани со стресот и анксиозноста, мораат да бидат исклучени. Затоа, Кернер често ги советува паровите спалната соба да ја претворат во љубовно гнездо во кое нема да има никакви потсетници на секојдневието.
Но, воа тоа уште повеќе ќе им помогнат хотелите кои се своевиден генерички луксуз поради кој луѓето автоматски ја исклучуваат анксиозноста.
– Овде нема фотографии од деца, сметки кои мора да ги платите, книги кои мора да ги прочитате – едноставно сте на безвременско место, како да се излегле од сопствениот живот. А, кога ќе се ослободите од сите работи кои ви создаваат стрес, полсно и ќе се возбудите, објаснува Кернер.
Најдоброто од сè е што не морате да одите многу далеку
Иако во хотели обично престојуваме кога сме на годишен одмор или на работно патување, факт е дека не морате воопшто да одите далеку за да ги искористите сите бенефиции на хотелот. Всушност, размислете за тоа колку би платиле за професионална терапија за парови, а колку за хотелска соба и земете во предвид после која од овие две работи ќе се чувствувате подобро.
На овој начин ќе ја зачините рутината, која автоматски ќе биде подива и утредента, кога ќе се вратите дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.