Чешка е зафатена од топлотен бран, кој е невообичаен за месец ноември и на неколку места се измерени рекордно високи температури.
Најтопло беше во местото Копишти, во северозападниот дел на земјата каде живата во термометарот се искачи до 20,4 степени Целзиусови. Претходниот рекорд за овој месец беше во 1971 година кога биле измерени 18,9 степени.
И во Прага, во мерната единица Клементинум каде температурата денеска беше 19,1 степени Целзиусови е надминат историскиот рекорд од 1970 година.
Според прогнозата на метеоролозите и идната недела во Чешка се очекува топло време и температури од 16-20 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.