| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Мареј се финалисти на Мастерсот во Париз

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј утре во финалето на мастерс турнирот во Париз ќе се борат за тројфеот откако денеска во полуфиналните натпревари славеа над Станислас Вавринка односно Давид Ферер.

BNP Paribas 2015 Masters Tennis Tournament photo

Првиот светски рекет се намачи со денеска одличниот Вавринка и мораше да игра дополнителен сет за да слави со 2-1 (6-3, 3-6, 6-0).
Иако го доби првиот сет и во вториот имаше и брејк, сепак Швајцарецот не се предаде лесно и со целосен пресврт го израмни резултатот на 1-1. Тоа како да го налути Ѓоковиќ кој буквално го збриша во третиот сет својот противник и славеше убедливо со 6-0 во гемови.

BNP Paribas 2015 Masters Tennis Tournament photo

Негов противник во финалето ќе биде Британецот Енди Мареј кој не одигра добар натпревар против Шпанецот Давид Ферер иако славеше со 2-0 (6-4, 6-3) во сетови. Овој натпревар изобилуваше со брејкови, а поумешен беше Мареј кој успеа да освои дури пет гема на сервис на противникот. Ферер имаше подеднакви шанси да се пласира во финалето, но денеска очајно сервираше со нешто повеќе од 50 проценти и заслужено му честиташе на Мареј за победата и пласманот во финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top