Министерството за внатрешни работи собира информации околу инцидентот што се случи во Крива Паланка во кој беше демолиран муслимански верски објект.
Од МВР велат дека се собираат информациите и чекаат писмена потврда од колегите кои работат на случајот.
Под мотото „Протест против исламизацијата на Крива Паланка“, околу три илајди граѓани го изразиле револтот, како што тврдат, против незаконската изградба на нова џамија. Организаторите на протестот велат дека никој не смеел да гради џамија без дозвола и документи.
Претходно, граѓаните потпишаа и петиција. Градоначалникот на општината, Арсенчо Алексов, во изјава за дел од порталите рече дека џамија нема да се гради затоа што мнозинството од населението во Крива Паланка е православно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Надзорен одбор повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, Општината негира (видео)
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Снимка која сведочи за хоророт: Во џамија убиени над 300 лица (видео)
-
Најмалку 184 загинати при нападот на џамијата во Синај, прогласена тридневна жалост