| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје со повеќе форми за справување со загаденоста на воздухот

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски изјави дека градот е подготвен и годинава, ако има потреба, да изврши прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат за цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град.

koce-trajanovski

На новинарско прашање дали прскањето на улиците со калциум магнезиум ацетат минатата година покажа резултати и дали градот Скопје годинава се подготвува за такво нешто градоначалникот Трајановски одговори дека тоа дало резултати во намалувањето на ПМ 10 честичките во воздухот.

– Минатата година беше набавен калциум магнезиум ацетат и беа адаптирани седум-осум возила од „Комунална хигиена“ за прскање на улиците со тоа средство. Тие се веќе подготвени, набавена е дополнителна количина на калциум магнезиум ацетат и тој ќе биде употребен, исто така, и оваа година, рече Трајановски.

Градоначалникот потенцираше дека растворот калциум магнезиум ацетат бара да се користи во специфични услови, како и дека тоа се искуства кои се користат од други градови во Европа.

– Ова е само една од формите и начините на кои Градот Скопје се бори за намалување на загаденоста и да ги подобри условите за живеење на граѓаните, истакна тој.

Растворот ги апсорбира канцерогените ПМ10 честички така што тие се лепат за калциум магнезиум ацетат, се претвораат во смеса, остануваат на земја и не одат во атмосферата, и со тоа го намалува загадувањето на воздухот и до 30 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top