| четврток, 6 декември 2018 |

На аеродром во Истанбул: Нашол торба полна пари и ја вратил

Чистач од меѓународниот аеродром „Ататурк” во Истанбул пронашол торба со 24. 500 евра кои и ги предал во администрацијата на аеродромот.

– Секако дека можев да ги земам парите за себе. Помислив на тоа, но ја одбрав подобрата опција – изјави чесниот чувар Емре Евренсел.

На Евренсел му била  доделено почесно признанието од генералниот менаџер на холдингот ТАВ кој е менаџер на аеродромот „Ататурк”.

Евренсел бил пофален за карактерот и совеста. Месечната плата на чистач е 1000 турски лири (околу 350 долари).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top