Изборот на Оливер Спасовски, на Фросина Ременски и другите кадровски решенија на Зоран Заев за во владиниот кабинет ппредизвикаа вистински раскол во СДСМ. Прес24 пренесе дека на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, каде партиското тело треба да го потврди изборот на Заев, не присуствуваат поголем број на членови.
Според информациите од партијата, не се присутни најголемиот дел од функционерите кои беа дел од претходното раководство на СДСМ и важат за блиски до поранешниот лидер Бранко Црвенковски, но и дел од актуелните функционери во партијата кои не беа опфатени со предлозите на Заев. Тие не го кријат своето незадоволство од одлуката на лидерот на партијата, во Владата да ги инсталира кадрите од своето најтесно опкружување, без разлика што немаат никаква стручност и се далеку под кадровскиот потенцијал на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.