Македонскиот интернационалец Перо Антиќ е првиот кошаркар од нашата земја кој настапувал во НБА лигата. Тој со успех го носеше дресот на Атланта хоукс две години, но летово реши да се врати во Европа и да на стапува за Фенербахче, тимот кој е еден од посеризоните кандидати за освојување на Евролигата оваа сезона.
Ждрепката сакаше Перо и другарите во групната фаза да се сретнат со Црвена звезда во рамките од четвртото коло, клубот во кој настапуваше Антиќ во периодот од 2005 до 2007 година.
Тој на неколку наврати потенцираше дека Звезда му е во срцето и затоа на една од тетоважите го стави „грбот“ на навивачката група „Делии“.
– Да, добро е познато колку ја сакам Црвена звезда, но во професионализмот нема емоции. Добро знам каква ќе биде атмосферата вечерва во Белград. Не чека тежок натпревар пред полна сала и одличен амбиент, но Фенербахче неизбежно ќе оди на победа – вели Антиќ во пресрет мечот против тимот во кој мина од 2005 до 2007 година.
Во тимот на Фенребахче настапува уште еден „звездаш“ кој летото ги напушти „црвено-белите“, а тоа е Никола Калиниќ. Се очекува и двајцата да добијат овации од публиката во „Комбанк арена“, за разлика од нивните соиграчи, Богдан Богдановиќ и Јан Весели кои во своите кариери настапуваа за лутиот ривал Партизан.
Натпреварот со сигурност ќе се одигра пред преполни трибини во белградската арена со почеток од 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



