Европската комисија, пред седиштето во Брисел следната недела ќе постави парче од Берлинскиот ѕид. На церемонијата ќе присуствуваат заменик-претседателот на ЕК, Кристалина Георгиева, комесарот Гинтер Јотингер и германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.
Комисијата не соопшти дали платила, за да добие парче од ѕидот.
Целта на гестот е одбележувањето на 25 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, материјален симбол на Железната завеса.
На панелот, кој ќе биде изложен, ќе биде прикажан ликот на американскиот претседател Џон Кенеди (1917-1963).
Кенеди го посетува Берлин во јуни 1963 година, пет месеци пред да биде убиен во Далас. Тогаш тој, како пример го дава поделениот со ѕид Берлин, како одговор на оние кои тврдат дека комунизмот има иднина во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.