| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ со остра реакција кон „Шарли Ебдо“

kremyl-skochi-na-sharli-ebdo-336601

– Објавувањето на карикатурите на страниците на француското издание „Шарли Ебдо“, по повод падот на нашиот авион во Египет е сквернавење, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Портпаролот го коментира објавувањето на две карикатури, поврзани со несреќата на рускиот авион на Синајскиот полуостров, на 31 октомври 2015 година, во која загинаа 224 лица.
54468_ebdo_iff-660x400

– Ние ова го нарекуваме со едноставен збор – сквернавење. Таквите пораки немаат ништо заедничко со слободата на говорот и правото на самоизразување, категоричен е Песков.
Тој посочи дека заедно со неговите колеги, се обиделе да најдат карикатури на загинатите во нападот против редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз во почетокот на 2015 година.
– Ние не најдовме такви карикатури, рече портпаролот на Путин.
Песков исто така смета дека постоешето на изданието е доста дискутабилно.
– Во нашата разновидна, во етнички и религиозен смисол држава, такви изданија се неприфатливи “, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top