Македонските власти ги протераа странските државјани кои ноќеска го симнаа и оштетија државното знаме од јарболот во центарот на Охрид – објави Денешен.
Основниот суд во Охрид по итна постапка на предизвикувачите на инцидентот им изрекол мерка „протерување од државата“. Исто така, изречена им е и забрана за влез во Република Македонија во период од пет години, како и парична казна од илјада евра.
Инаку, инцидентот се случи рано изутринава, околу 3.30 часот, на Градскиот плоштад во Охрид. МВР првично соопшти дека инцидентот го предизвикале Холанѓани, но во текот на истрагата е утврдено дека се работи за тројца државјани на Австралија, еден на Нов Зеланд и еден Англичанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


