Терористичка група поврзана со структурите на „Исламска држава“ (ИД), распространи видео во кое тврди дека токму од ИД е соборен рускиот авион над Синај.
Џихадистите веќе ја превземаа одговорноста за трагичниот инцидент, во кој загинаа над 220 лица. Москва тврди дека е премногу рано да се утврди дали станува збор за терористички акт или технички проблем на авионот, нагласувајќи дека сите верзии се испитуваат.
Во новото видео се појавуваат петмина милитанти на „ИД“, од кои еден освен арапски, зборува и на руски, и му се обраќа на Путин со погрдни зборови.
– Им честитаме на нашите браќа на Синајскиот Полуостров, за соборувањето на проклетиот авион со неверници од Русија. Ние сме со вас браќа, ве сакаме и ќе го продолжиме вашето дело. Ќе ги уништиме овие неверници, ќе ги истераме од нашата земја, а потоа ќе се добереме до нивната .
– Сакам да ти се обратам тебе, путинска свињо, и да ти кажам дека кога ги испрати твоите авиони, твоите луѓе, твојата техника, да не уништат нас и нашата земја, длабоко згреши и ќе зажалиш за тоа. И твојот народ ќе жали. Овој авион е потврда за тоа, путинска свињо, дека ќе се добереме до сите вас и не само што ќе ви ги соборуваме авионите, туку ќе дојдеме во вашата земја, ќе ве уништиме, ќе ве колеме, ќе пукаме во вас, ќе влеземе во вашите домови и вие длабоко ќе се зажалите за тоа дека сте дојдени кај нас. И како што ти и твоите авиони ги бомбардираат локалните мирни жители, ние денес убивме 240 од твоите луѓе. И ќе продолжиме да го правиме тоа, ништо нема да не спречи, бидејќи Аллах е со нас, вели членот на „ИД“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.