| четврток, 6 декември 2018 |

„Македокс“ го прикажува документарниот филм „Опасни дела“ за Белорускиот слободен театар

„Македокс“ и „Докувизија“ ќе го прикажат документарниот филм „Опасни дела“ на Медлин Саклер. Со „Црвена шума“ ја разбранува театарската сцена на годинашниот МОТ, а в понеделник (9 ноември) ќе го направи истото на филмското платно во Џебното кино во МКЦ.

„Опасни дела“ е филм за Белорускиот слободен театар – неверојатен запис за храброста и отпорот против цврсто стиснатата тупаница на диктатурата, која забранува, прогонува и ликвидира и сè уште владее благодарение на 79 отсто од избирачките гласови… и со најголем број на полицајци по жител во светот.

unnamed (2)

Филмот истовремено ќе се прикаже во Скопје, Белград, Загреб, Подгорица, Призрен, Изола и Мост на Соча. Овој филм, кој е награден со „Еми“, жестоко го поддржува сер Том Стопард.

Прошверцувани снимки и нецензурирани интервјуа направени од граѓани и режирани преку „Скајп“ нè водат директно на улиците во Минск и зад кулисите на Белорускиот слободен театар. Оваа „подземна“ театарска трупа, составена од 35 уметници од САД, Велика Британија и Нигерија, станува една од светски најсубверзивните зашто решава по секоја цена да му се спротивстави на т.н. „последен европски диктатор“ – Александар Лукашенко. Ги обединува креативниот пркос и неиздржливата глад за слобода. Апсени, затворани и прогонувани, но никогаш замолчани, тие упорно ја шират најгласната критика против репресивниот режим во Белорусија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top