| четврток, 6 декември 2018 |

Искинала еден милион евра за да ги казни наследниците

евра

Една 85-годишна Австријка искинала на ситни парчиња пари во вредност од речиси еден милион евра за да им наштети на своите наследници, јавија австристриските медиуми.

Имено, по смртта на старицата, чиешто име не е наведено, на нејзинот кревет во собата во Домот за стари лица каде што живеела биле пронајдени искинати банкноти во вкупна вредност од 950.000 евра, како и неколку штедни книшки, која ја „доживеале“ истата судбина како и парите.

Државниот обвинител Ерих Хабик ја потврди веста, која прв ја објави на дневниот весник „Курир“, додавајќи дека не може ништо да направи за да им помогне на наследниците.

Весникот „Курир“ пишува дека роднините на одмаздољубивата старица, сепак, ќе бидат тие што „на крајот најслатко ќе се смеат“, затоа што централната Австриска национална банка најавила дека ќе ги замени искинатите пари.

– Доколку наследниците ги пронајдат сите делчиња од парите и под услов да биде утврдено потеклото на парите, тогаш, секако, ќе им ги замениме. Ако не ги замениме парите, би казниле погрешни луѓе – изјави претставник на Банката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top