Во рамките на престојот во Париз, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска оствари и средба со раководствата на реномирани компании за филмска продукција од Франција и од Велика Британија со кои разговараше за можностите за снимање филмски проекти во Република Македонија, соопштија од Министерството за култура.
На средбата биле присутни извршните директори на филмската продукција „2017“, која е со седиште во Лион, и на „М дигитал“ од Лондон, кои изразија подготвеност своите следни филмски проекти да ги снимаат токму во Република Македонија.
На средбата министерката за култура информираше за заложбите на Владата на Република Македонија во областа на филмската дејност и за измените на Законот за филмска дејност со кој значително е олеснета соработката со странските продукциски куќи кои веќе се заинтересирани да снимаат во Република Македонија.
Од француската продукција потврдија дека на 17 ноември ќе ја посетат Република Македонија каде што ќе остварат средби со институции и филмски работници од областа на филмската дејност. За време на престојот ќе посетат повеќе места за да се запознаат со
локациските потенцијали и природните ресурси што ги поседува Република Македонија за снимање вакви големи филмски проекти.
Продуцентите од Франција изразија интерес и за проектот за изградба на филмско студио, за кое веќе е обезбедена локација во општина Зелениково.
Во Македонија се снимаше филмот „А фонд“ на францускиот режисер Никола Бенаму. Тука се снимаа каскадерски сцени на акциската комедија, за што француската екипа во Скопје донесе соодветна опрема и четири возила во кои е вградена најсовремена технологија за снимање од терен.
Снимањето на францускиот игран филм „А Фонд“ беше најавено како најголема странска инвестиција во областа на филмската индустрија досега во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура