| четврток, 6 декември 2018 |

Никој нема да може да биде исфрлен од работа или сменет во МВР, а да не е тоа според закон

zgrada-na-mvr1-620x400

Никој нема да може да биде исфрлен или сменет од министерството за внатрешни работи ако тоа не е по закон.
Партиитe се договорија ВМРО-ДПМНЕ да има строга контрола на кадровското работење на СДСМ во Министерството за внатрешни работи.

По синоќешната лидерска средба во клубот на Пратници, премиерот Никола Груевски истакна дека е уусогласен законот за влада во кој, како што појасни, е клучно дека никој нема да може да биде исфрлен од работа или сменет, а да не е тоа според закон. – Дури, додаде, и некој ако го прекрши законот и биде сменет, новиот што ќе биде назначен ќе добие од дополнителниот заменик министер за внатрешни, кој ќе има право на вето, со што ќе се обезбеди контрола на кадровското работењето во МВР во смисла да не се претвори МВР во партиска испостава на една политичка партија.

Истакна дека се усогласени и законите за свиркачи и нелегалните материјали кои ќе се усвојат заедно во пакет со законот за влада, со законот за избори, но оти законот за нелегалните материјали ќе стапи на сила по шест месеци. Предвидено е, како што рече, во меѓувреме да се испрати тој до Венецијанската комисија да се добие мислење, мислењето да се разгледа и доколку има потреба да се интервенира во законот и доколку се добие пред тие шест месеци би се интервенирало веднаш и тој би стапил веднаш на сила.

Како што рече работните групи денеска треба да ги доусогласат законите и од понеделник се очекува да влезат во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top