Пентагон потрошил 384 милиони долари за програма за подготовка на одредите на сириската умерена опозиција (т.н. Нови сириски сили) за борба со терористичката Исламска држава пред да одлучат да се откажат од неа, објави Ју-Ес-Еј Тудеј.
Првично бил планиран буџет од 500 милиони долари во 2015 година за обука на 3.000 борци кои би се бореле против исламистите. Од 2016 година бројот требало да биде 5.000 годишно доколку програмата не претрпела неуспех.
За време на активноста, американските инструктори обучиле само 180 луѓе од кои досега во воени дејствија се 145 и 95 од нив се во Сирија. Од Пентагон оспоруваат дека за еден обучен припадник се потрошени два милиона долари додавајќи дека расходите биле по околу 30.000 долари за еден човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пентагон ја поздрави одлуката Македонија да ги прифати заробените борци на ИД, нејзини државјани
-
Пентагон ја поздрави репатрирацијата на седумте македонски борци од ИСИС
-
Успешно завршена обуката на 35 лица кои се социјално изолирани на пазарот на труд
-
Почна обуката на осмата генерација кандидати за пилоти