Директорот на „Росавијација“ Александар Нерадко денеска изјави дека истражителите кои ги испитуваат можните причини за падот на авионот над Египет бараат траги од експлозив во остатоците од леталото.
Тој апелираше и за повнимателно објавување на шпекулациите за евентуалните причини на несреќата.
И Русија и Египет денеска ги демантираа сугестиите на Велика Британија и на САД дека авионот се урнал поради поставена бомба.
Рускиот Ербас А-321 кој во саботата полета од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург се урна над Синајски Полуостров, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.