| четврток, 6 декември 2018 |

За десет месеци скопјанка подигнала 283 кутии лекови од аптека

За десет месеци скопјанка од аптека погигнала рекордни 283 кутии лекови. Според податоците од „Мој термин“ 51- годишната пациентка имала неколку дијагнози и примала терапија за повеќе хронични болести.

Годинава Националниот систем за електронски евиденции во здравството бележи за 7,5 проценти повеќе подигнати рецепти во споредба со истиот период во 2014 година, за 4,5 отсто е зголемен и бројот на пациенти штоземале лекови.

Во 2015 госина се креирани вкупно 20.421.818 рецепти за 1.214.157 пациенти, од кои 17.093.223 биле подигнати од аптека.  Лани биле креирани 18.615.299 рецепти за 1.162.003 пациенти, од кои 15.901.795 биле подигнати од аптека.

Податоците од „Мој термин“ покажуваат и пораст од 6,3 проценти кај специјалистичките упати.

Годинава биле прегледани 975.042 пациенти, а лани на лекар се јавиле 917.083 болни.

Инаку, во националниот систем се влезени 87 отсто од граѓаните и имаат електронски здравствен картон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top